На Виз Ер Скопски Маратон годинава нема да се трча на 5 километри

На Виз Ер Скопскиот Маратон годинава нема да се трча на 5 километри. Организаторите информираат дека поради големиот број пријавени учесници и неможноста да бидат обезбедени поволни услови во рамки на протоколите неопходни за заштита од коронавирусот најмасовната трка е откажана. Трките во полумартон и маратонот како и штафетното натпреварување ќе се одржат според планираното.

„Сите учесници кои имаат пријави во 2020г. за трката на 5 километри автоматски се префрлаат за трката во 2021г. Кога ќе се отворат пријавите во 2021г. за трката на 5км, сите учесници ќе добијат известување на е-меил со повеќе детали за нивното учество во 2021г. Трките во маратон, полумаратон и штафетен маратон планирано е да се одржат на 4 октомври со ограничен број на учесници и според посебни протоколи кои треба да бидат одобрени од Комисијата за заразни болести. Пријавите за овие трки ќе бидат отворени до пополнување на предвидените бројки на учесници, кои ќе можат да ги исполнат протоколите за одржување на вакви настани“ – стои во соопштението од Ви Ер Скопски маратон.

Традиционалната манифестација годинава поради пандемијата на коронавирусот наместо во вообичаениот термин во мај ќе се одржи на почетокот од октомври. Претходно на 6. септември во организација на Скопски маратон ќе се одржи „Женската трка“.

Се вчитува...