Начевски и Николов на центарот на мечот меѓу Шпанија и Унгарија

Најдобрите македонски ракометни судии Ѓорги Начевски и Славе Николов ќе бидат на центарот на дерби натпреварот од групата 1 на Светското првенство во Египет меѓу Шпанија и Унгарија.

Ова е натпревар кој директно ќе одлучува за првото место во групата 1 од главната фаза на шампионатот. Победникот од натпреварот во четвртфиналето за противник ќе ја има Норвешка, додека поразениот ќе игра со Франција.

Се вчитува...