Начевски и Николов, судии на „најжешкото“ четвртфинале во Египет

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов имаат пред себе нов предизвик, откако ја добија за арбитража „дерби-пресметката“ од денешната четвртфинална пресметка меѓу Шпанија и Норвешка. Начевски и Николов бепрекорно ги отсудија досегашните дуели на овој мундијал, а не се исклучува можноста по денешниот дуел тие да бидат задолжени и за некој од мечевите за медал на СП во Египет.

Прв дуел на денешната програма е мечот меѓу Данска и Египет, со почеток во 17.30 часот. Правдата на овој натпревар ќе ја делат Хрватите Губица и Милошевиќ, кои минатиот месец беа арбитри на големото финале во Лигата на Шампионите на Ф4 турнирот во Келн.

Сите останати четвртфинални средби се играат во 20.30 часот, мечот меѓу Шведска и Катар ќе го судат сестрите Бонавентура од Франција, додека за делење на правдата на дуелот Франција – Унгарија задолжени ќе бидат Шпанците Гарсија и Марин.

Се вчитува...