Надал – Чилиќ, прва четвртфинална двојка на Австралија опен

Рафаел Надал и Марин Чилиќ ќе играат меѓу себе во четвртфиналето на Австралија опен, откако успешно ги минаа осминафиналните пресметки во Мелбурн.

Рафаел Надал во четири сета беше подобар од Аргентинецот Шварцман победувајќи со 6-3,6-7(4),6-3,6-3.

Шестиот носител Марин Чилиќ, пак, се пласираше меѓу осумте најдобри откако во играта на нерви го победи Шпанецот Пабло Карењо Буста со 6-7(2),6-3,7-6(0) и 7-6(3).

Ова за Чилиќ беше јубилејна 100-та победа на Грандслем турнирите. Сепак, пласманот во четвртфиналето за него не е најдобар резултат во Мелбурн. Тој во 2010 година играше во полуфиналето кое во четири сета го загуби од Енди Мареј. Но, секако е подобар резултат од минатата година кога беше елиминиран во второто коло.

Се вчитува...