Надал е првиот финалист во Шангај

Рафаел Надал делува незапирливо на тениските терени во овој период, откако Шпанецот ја продолжи својата серија победи со триумф од 2-0 над Марин Чилиќ во полуфиналето од Мастерс-турнирот во Шангај.

Исто како и Димитров во четвртфиналето, така и Чилиќ прикажа одличен тенис, стори се за да го изненади првиот светски рекет, но Надал делува премоќно за да дозволи изненадување. Шпанецот по тешка борба во првиот сет го скрши отпорот на хрватскиот тенисер, славејќи со 7-5 (претходно Чилиќ не искористи брејк топки при 4-4), за веднаш потоа да направи и брејк за рано водство од 3-1 во вториот сет. Чилиќ благодарение на неколкуте неизнудени грешки на Надал успеа да се врати, но шпанскиот ас сепак преку тајбрејк успеа да стигне до победа и ново финале.

Ривал на Шпанецот утре ќе биде подобриот од дуелот Федерер – Дел Потро.

Се вчитува...