Надал експресно тргна во Мелбурн, елиминирани Стивенс и Венус Вилијамс

Првиот светски рекет Рафаел Надал успешно го стартуваше настапот на гранслем турнирот Австралија Опен што се одржува во Мелбурн. Тој лесно го совлада Виктор Бургос Естрела од Доминиканската Република со 3-0 во сетови (6-1, 6-1, 6-1), а следен ривал ќе му биде Леонардо Милер од Аргентина.

Шпанецот му дозволи само еден гем на Естрела во првиот сет, а во идентичен ритам продолжи и во наредните два, и без проблеми се пласираше во следната рунда. Во следното коло се пласираа и Димитров, Чилиќ, Карловиќ, Троицки…

Во женска конкуренција се случија првите изненадувања. Американската тенисерка Слоун Стивенс, која е всушност актуелна шампионка на УС Опен, загуби од Кинеската Женг Шуаи, која славеше победа со 2-1 во сетови (2-6, 7-6, 6-2). 15-годишната Украинка, Марта Костјук, ја изненади 25.носителка Пенг и ја победи со 2-0 во сетови (6-2, 6-2).

Швајцарката Белинда Бенчиќ, пак, ја елиминира минатогодишната финалистка Венус Вилијамс, победувајќи ја со 2-0 во сетови (6-3, 7-5). Пласман во следната рунда обезбедија Остапенко, Бабош, Корне, Гергес, Бартел…

Се вчитува...