Во Мајами, Рафаел Надал ги издвои имињата на тенисерите што ги смета за најголеми. Неговиот избор ги шокираше многумина, особено затоа што се вклучи себеси на листата. Легендарниот Шпанец објасни и зошто.
Еден од симболите на американската историја е планината Рашмор, на која се изрезбани главите на четири клучни американски претседатели.
Рафаел Надал беше прашан во Мајами кои четворица тенисери би ги сместил на „Рашмор“, а одговорот на Надал изненади многумина:
„Веројатно Род Лејвер, Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и веројатно јас, да бидам искрен“, рече Шпанецот со насмевка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

