Надал го испочитува својот голем пријател, па се повлече од Лејвер купот

Роџер Федерер во пар со Рафаел Надал го одигра последниот меч во професионалната кариера, а за Надал тој меч беше последен на Лејвер купот, бидејќи реши да се повлече. На негово место влегува Камерон Нори.

Нори за противник ќе го има Тејлор Фриц. Моменталниот скор меѓу Светот и Европа е 2-2, што значи дека годинава ќе гледаме доста неизвесен дуел.

Надал играше двојки со Роџер Федерер против Сок и Тиафо. Американците победија во три сета, а тоа беше и последен меч на славниот Швајцарец во професионалната кариера.

 

 

Се вчитува...