Надал избра кои се најдобрите четири тенисери на сите времиња

Еден од симболите на американската историја е планината Рашмор. На неа се врежани главите на четирите големи американски претседатели.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, кралот на земјата, Рафаел Надал беше прашан во Мајами кои четири тенисери, според него, заслужуваат да бидат врежани на тениската планина Рашмор.

„Веројатно Род Лејвер, Ѓоковиќ, Федерер и јас, да бидам искрен. Доволно сум скромен, но да бидам јасен морам да се ставам самиот. На крајот на краиштата, бројките го кажуваат тоа“, рече Надал. 

Се вчитува...