Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја помина првата пречка на последниот гранд-слем турнир во сезоната, откако славеше во воведното коло над младиот Австралиец, Ринки Хиџиката со 3-1, по сетови 4-6, 6-2, 6-3 и 6-3.
Иако го загуби првиот сет, сепак еден од најдобрите тенисери на сите времиња заигра подобро во продолжение и стигна до лесен триумф. Во 2. коло во машкиот дел од турнирот пласман обезбедија и: Хуркач, Синер, Алкараз, Чориќ, Шаповалов, Фоњини, Шварцман…
Кај дамите елиминација уште на самиот старт доживеа актуеланата шампионка, Британката, Ема Радукану. Таа во првото коло загуби од Французинката, Ализ Корне со максимални 2-0 (6-3 и 6-3). Елиминација во два сета доживеа и двократната освојувачка на „Флешинг Мидуоз“, Наоми Осака која беше поразена од домашната тенисерка Даниеле Колинс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА