Надал ја најде „вината“ за поразот од Чориќ: Тешко се носев со повредата

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, доживеа елиминација уште во 2. коло на турнирот во Синсинати откако беше поразен од хрватскиот тенисер Борна Чориќ со 2-1 (6:7, 6:4, 3:6).

Шпанецот ја најде „вината“ за овој шокантен пораз. Тој изјави дека во последните месец и пол му било тешко да се врати после повредата.

„Тешко е да извлечам нешто позитивно од мечот, но секако морам да напредувам. Да тренирам, подобро да ги враќам сервисите. Потребни ми се денови на терен. Имав шанси на почетокот, но одиграв ужасно на два лесни удари“, рече Надал и додаде:

„Беше тешко да се носам со оваа повреда. Последните месец и пол не беа лесни, затоа што кога ќе имате повреда на стомачен мускул, никогаш не знаете за што сте способни. Тоа влијае на играта затоа што не сте сигурни дали може да сервирате најдобро што можете секој пат“, рече освојувачот на 22 грен слем титули.

Се вчитува...