Рафаел Надал успешно го почна патот до 23. гранд-слем титула, откако во 1. коло на УС опен славеше над Австралиецот Ринџи Хиџиката со 3-0 во сетови.
Ова беше прв натпревар за Шпанецот на терените во Њујорк по 2019 година и финалето со Данил Медведев. Тој по мечот изјави дека во еден момент од кариерата помислил дека никогаш веќе немаше да се врати.
„Одамна беше кога последен пат играв официјален меч во Њујорк. Искрен да бидам во еден момент, поради сите повреди кои ги имав мислев дека никогаш нема да дојдам овде. Сега сум воодушевен што повторно имам шанси да играм на „Артур Еш“. Тоа е посебно чувство“, изјави Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА