Надал: Многу ми е жал за Зверев

Рафаел Надал стигна до билет за финалето на Ролан Гарос, но не на начин каков што посакуваше, откако неговиот ривал Александар Зверев го предаде мечот при резултат 1-0 во сетови за Надал и 6-6 во вториот сет.

Германскиот тенисер заработи тешка повреда на скочниот зглоб, во агонија врескаше лежејќи на теренот пред да му биде укажана лекарска помош, за нешто подоцна да се врати одејќи со помош на штаки за да го предаде мечот.

„Многу ми е тешко, многу ми е жал за Зверев. Искрено, тој играше извонреден турнир, знам колку се бори да освои гранслем титула, но денеска немаше среќа. Она што сум сигурен е дека дефинитивно ќе освои повеќе од еден гранслем трофеј во кариерата. Секако дека сум среќен што ќе играм ново финале, но не сакав тоа да се случи на ваков начин. Бев со Саша во иста просторија пред да се вратиме на теренот… го гледав како плаче, беше тешко“, истакна Надал.

Се вчитува...