Надал: Многу повеќе би сакал да изгубам во финалето

Рафаел Надал ќе се обиде да стигне до 14. титула на Ролан Гарос, каде утре во финалето ќе се сретне со Норвежанецот, Каспер Руд.

На прашање на новинар „Доколку би дошол магичен дух и би ти понудил ако изгубиш во финалето, а добиеш нов здраво стапало дали би прифатил?“, Шпанецот даде одговор…

„Попрво би загубил во финалето, без сомнение. Не се предомислив. Новото стапало би ми помогнало да бидам посреќен во секојдневниот живот. Победите се одлични и прават да го почувствувате адреналинот во моментот, но животот продолжува после тоа“, изјави Надал. 

Се вчитува...