„Надал може да стигне до календарски слем“

Тренерот на Рафаел Надал, Карлос Моја изјави дека шпанскиот тенисер може да дојде до календарски слем, односно да ги освои сите четири гранд-слем титули во иста сезона.

Надал и покрај повредата на стапалото триумфираше на Австралија опен и Ролан Гарос, а за историскиот подвиг ќе мора да ги освои и Вимблдон и УС опен.

„Тоа е реална цел. Рафа во моментов е единствен кој може да го постигне тоа. Не му е првпат во кариерата да се најде во позиција да размислува за тоа. Сепак, досега помина само половина пат. Мораме постепено да се движиме кон таа цел“, изјави Моја. 

Се вчитува...