Надал: Не знаев дека може да играте позитивен!

Голем проблем настана на Вимблдон откако Марин Чилиќ и Матео Беретини потврдија дека се позитивни на Ковид-19, па поради тоа мораа да го откажат својот настап на третиот гранд-слем во сезоната.

Првите двајца фаворити, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал тренираа со овие двајца тенисери, па сега во медиумите се пишува дали Србинот и Шпанецот смеат да продолжат со својот настап на неофицијалното светско првенство во тенис.

„Кога се изговоруваат толку чувствителни работи, лесно е да се создаде конфликт. Информацијата која јас ја имам, а не знам дали е точна, е тоа дека играчот може да одлучи дали да се тестира, или не. Значи негова е одлуката дали ќе се тестира. Вие сега ми велите дека можеш да продолжиш да играш иако си позитивен, но навистина не знам, не би навлегувал јас во тоа“, изјави Надал. 

Се вчитува...