Надал: Не знам дали ќе играм во полуфиналето на Вимблдон

Рафа Надал стигна до полуфиналето на Вимблдон откако го „преживеа“ американскиот тенисер Тејлор Фриц и маратонскиот натпревар кој заврши со победа од 3-2 (3-6, 7-5, 3-6 и 7-5 и 7-6). Во мечот кој траеше 4 часа и 20 минути шпанскиот ас кој и претходно имаше проблеми со повреди, се пожали на болки на стомачните мускули па мораше да интервенира и медицинскиот персонал.

По триумфот тој изјави дека не е сигурен дали ќе може да настапи во полуфиналето каде за противник го има Австралиецот, Ник Кирјос.

„Не е лесно да се откажете од Вимблдон и покрај тоа што болките беа многу големи. Сакав да го завршам мечот, се борев и горд сум на тоа што успеав да бидам рамноправен и покрај околностите. Но, не знам дали ќе можам да играм во петок. Сега не можам да ви дадам одговор бидејќи не знам што ќе се случи утре. Веќе неколку дена имам проблем со стомачните мускули, но ова сега беше најлошо“, изјави Шпанецот.

Се вчитува...