Надал: Подготвен сум уште да се борам

Рафаел Надал стигна до рекордната 22. гранд-слем титула на 14. на Ролан Гарос откако во големото финале славеше над Норвежанецот, Каспер Руд со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-3 и 6-0.

Многу се зборуваше околу тоа дека ова може да биде и последен гранд-слем за Шпанецот во кариерата и дека ќе замине во пензија. Сепак, по освојувањето на трофејот Рафа изјави дека е подгтовен и понатаму да се бори…

„Подготвен сум и понатаму да се борам“, на кратко изјави Рафа. 

Надал со оваа титула побегна на плус два на најголемите ривали Федерер и Ѓоковиќ во битката за титулата најдобар на сите времиња.

Се вчитува...