Рафаел Надал во средат го одигра првиот меч на трева по пауза од три години и на убедлив начин го доби Стен Вавринка. Тој вели дека овие егзибициски мечеви во Харлингем се идеална подготовка за третиот гранд-слем во годината, Вимблдон.
Шпанецот смета дека е максимално подогтвен за неофицијалното светско првенство во тенис и дека ќе се обиде да стигне до трофејот и до својата 23-гранд-слем титула.
„Помина долго време откако не играв на трева. Од 2019 година не можам да играм на трева, прво поради пандемијата, а потоа и поради повреда. Возбуден сум што сум повторно тука. За мене е одлично да одиграм неколку натпревари пред Вимблдон. Порано играв во Квинс, сега сум постар и не можам навистина да играм многу натпревари, така што навистина е одлично да се почувствува малку натпреварувачка атмосфера пред почетокот на Вимблдон“, изјави Надал.
Вимблдон почнува во понеделник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА