Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и официјално потврди дека ќе учествува на Мастерсот во Синсинати.
Надал доживеа руптура на абдоменот на Вимблдон поради што го предаде полуфиналето. Од тогаш не се враќаше на турнирите, а го пропушти и Мастерсот во Монтреал, за да сега потврди дека се враќа во САД.
„Премногу сум среќен што повторно ќе играм во Синсинати. Заминувам утре“ – напиша Надал, информирајќи ги своите фанови.
Надал го освоил Синсинати само еднаш во 2013 година, а минатата година не учествуваше. Синсинати стартува на 15. август, а нема да учествува Новак Ѓоковиќ затоа што не му е дозволен влез поради тоа што не е вакциниран.
Шпанскиот тенисер со освојување на титулата во Синсинати ќе го престигне Медведев и повторно ќе биде прв тенисер во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА