Надал повторно за Ѓоковиќ: Жал ми е за Ноле, но спортот е поголем од еден човек

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал говореше околу целата ситуација со Новак Ѓоковиќ на кого поради тоа што не е вакциниран не му е дозволен влез во Соединетите Американски Држави, а со тоа нема да настапи и на последниот гранд-слем во сезоната, Ју Ес Опен.

Тој смета дека не е добро тоа што Србинот нема да биде дел од турнирот, но дека спортот е поголем од еден човек.

„Од мојата гледна точка тоа се тажни вести. Секога е штета кога еден од најдобрите тенисери нема да се појави на гранд-слем поради повреда или некоја друга причина. Во овој случај тоа што ни недостига еден од најдобрите на сите времиња навистина не е добро. Сепак, нашиот спорт е поголем од еден човек“, изјави Надал. 

Се вчитува...