Надал: Претходно мислев на пензија, а сега…

Рафаел Надал со победата над Литванецот, Ричард Беранкис се пласираше во третото коло на годинашното издание на Вимблдон.

По натпреварот го прашааа дали размислува по крајот на сезоната да стави крај на кариерата.

„Пред неколку недели мојата филозофија беше дека е време за крај на кариерата. Сега не се чувствувам така. Тоа е мојата филозофија“, изјави Надал. 

Надал игра одлично сезонава и веќе стигна до два гранд-слем трофеи на Австралија опен и Ролан Гарос со што стигна до бројката од 22 во кариерата со што им побегна на главните ривали Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер кои останаа на 20.

Се вчитува...