Надал се испоти против Димитров, но стигна до полуфинале

Рафаел Надал наиде на сериозен отпор од Григор Димитров, но прворангираниот светски тенисер сепак успеа да најде начин да победи и да се пласира во полуфиналето од Мастерс-турнирот во Шангај. Шпанецот дојде до водство од 1-0, но Димитров возврати добивајќи го тајбрејкот во вториот сет. Бугарскиот тенисер имаше голема шанса за победа откако не искористи брејк топка при 2-2 во третиот сет. Надал најпрвин го спаси сопствениот сервис, веќе во следниот гејм самиот стигна до брејк и заслужено славеше со конечни 6-4, 6-7, 6-3.Следен противник на првиот носител ќе биде Хрватот Марин Чилиќ, кој во првиот четвртфинален дуел го совлада Рамос Винолас со 6-3, 6-4. Со тоа Чилиќ си обезбеди историски ранкинг и од понеделник ќе се искачи на четвртото место на АТП-листата, користејќи ја прераната елиминација од овој турнир на Алекс Зверев.

Се вчитува...