Надал се предаде, Чилиќ во полуфинале на АО

Светскиот рекет број 1 Рафаел Надал, го предаде мечот против Марин Чилиќ во четвртфиналето на Австралија опен. По речиси четири часа „борба“ при резултат од 2-2 во сетови и водство на хрватскиот тенисер во 5. сет од 2-0 во гемови, Надал едноставно не можеше да продолжи со игра и одлучи пред време да го заврши мечот, со што практично му го отстапи местото на Чилиќ во полуфиналето.

При негатива од 4-1 четвртиот сет, Надал побара медецинска интервенција откако се пожали на повреда десната нога.

Шпанецот на два пати имаше водство, прво со 1-0, па со 2-1 во сетови, но Чилиќ беше рамноправен противник во драматичниот натпревар.

Хрватот во полуфиналето ќе се соочи со Британецот Кајл Едмунд.

Се вчитува...