Надал си играше со животот, но се разбуди во вистински момент

Рафаел Надал многу потешко од очекувањата ја мина првата пречка на Вимблдон, славејќи против Аргентинецот Черундоло со 3-1 во сетови.

Шпанскиот ас делуваше сигурно на патот до победата откако поведе со 2-0 во сетови и направи брејк во третиот, но веднаш потоа дојде до голем пад во неговата игра, по што Черундоло експресно се врати, направи пресврт и го доби третиот сет со 3-6. Аргентинскиот тенисер потоа одлично го почна и четвртиот дел од мечот, правејќи брејк, а клучната шанса ја пропушти кога не искористи три брејк можности при водство од 3-1. Надал како многупати претходно во кариерата, успеа да извлече енергија од тој камбек, се врати во својот препознатлив стил и славеше со 6-4 во клучните моменти.

Петра Квитова се соочи со многу проблеми, но чешката тенисерка се врати од негатива од 0-1 и славеше со 2-1 над Италијанката Паолини, додека Халеп рутински ја доби пресметката со Мучова со 6-3, 6-2.

Се вчитува...