Надал: Синсинати е минато, сега размислувам за Њујорк

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал верува дека ќе биде подготвен за УС Опен кој започнува на 29 август.

Откако се повлече пред полуфиналето на Вимблдон поради повреда на стомачните мускули, Надал се врати на теренот во Синсинати и во првиот меч загуби од Борна Чориќ.

„Кога ќе изгубите тоа станува минато и веќе гледате напред, јас го знам патот. Главната работа за мене е да останам здрав. Беше тешко да се справите со оваа повреда, никогаш не е лесно со стомачните мускули бидејќи не сте сигурни дали можете да сервирате максимално. Имам лузна, малку боли. Затоа ќе одам на прегледи“, вели Надал, кој единствената титула во Синсинати ја освои во 2013 година.

Од друга страна, Надал четири пати славеше во Њујорк.

„Морам да продолжам понатаму и да почнам да размислувам за енергијата што ми ја дава публиката во Њујорк. Знам дека тоа е многу посебно место за мене, место во кое уживам. Таму имав незаборавни моменти, ќе дадам се од себе секој ден да бидам подготвен“, заклучува Рафа.

Последен пат Рафа славеше во Њујорк во 2019 година, кога во финалето го победи Данило Медведев.

Се вчитува...