Надал скокна на АТП-листата, Ѓоковиќ следната недела ќе го отстапи врвот на Медведев

По завршувањето на Ролан Гарос, има нови промени на АТП ранкингот во најдобрите десет на листата. Новак Ѓоковиќ ја започна 373 седмица на врвот на светската ранг листа, но од следниот понеделник ќе мора да ја отстапи.

Ѓоковиќ во моментов има 8.770 бода, а на 13 јуни ќе ги загуби освоените од Ролан Гарос. Со тоа Данил Медведев ќе го мине и ќе го заземе врвот на ранг листата, иако ниту тој немаше убедлив настап во Париз.

На третото место и натаму се наоѓа Александар Зверев со 7.795 бода, додека скок на четвртото место заработи Рафаел Надал со 7.525 на сметка на Стефанос Циципас. Профитираше и Каспер Руд, кој заработи скок од две позиции и сега е шести. Понатаму следат Карлос Алкараз, Андреј Рубљев, Феликс Оже Алијасим и Матео Беретини.

Ѓоковиќ го брка рекордот на Штефи Граф која има 377 седмици на врвот на ранкингот.

Се вчитува...