Надал во 2021: Не може да се освои гранд-слем со повреда…

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал продолжува со походот на третиот гранд-слем во сезоната, и покрај тоа што има големи проблеми со повредите. По хроничната повреда со стапалото поради кои по титулата на Ролан Гарос мораше да оди со помош на патерици, Надал во текот на четвртфиналето со Фриц се жалеше на болка во стомачните мускули.

Тој по мечот изјави дека иако имал болки не сакал да го предаде мечот бидејќи тоа не бил негов стил. Меѓутоа вчерашната изјава е многу поразлична од таа што ја даде минатата година кога Ѓоковиќ на патот до титулата на Австралија опен исто така имаше проблеми со ситни повреди.

„Ако чувствувате болка и таа не ве ограничува толку, тогаш можете да најдете начин. Но, ако навистина имате повреда невозможно е да освоите еден гранд-слем турнир“, изјави Надал во 2021 година. 

Се вчитува...