Надал за Ѓоковиќ: „Баш ми е гајле…“

Рафаел Надал успеа да стигне до 22. гранд-слем титула откако славеше на неговиот омилен турнир, Ролан Гарос по четиринаесетти пат во кариерата.

Рафаел Надал говореше околу трката најдобар на сите времиња каде во моментов има две титули повеќе од најголемите ривали Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Тој вели дека воопшто не му е важно дали Ѓоковиќ ќе ја заврши кариерата со повеќе гранд-слем трофеи од него.

„Тоа не е нешто со кое сум опседнат и не е нешто што може да го промени мојот начин на размислување. Искрено, не ми е грижа дали Новак ќе освои 23, а јас ќе останам на 22 титули. Тоа воопшто нема да влијае на мојата среќа“, изјави Надал. 

Се вчитува...