Надал за Ѓоковиќ и Федерер: Тоа е неверојатна приказна за нашиот спорт

Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на УС опен откако без проблеми славеше против Ришар Гаске со максимални 3-0.

Тој по победата говореше и за големото ривалство со Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ за кое вели дека е прекрасна приказна за нивниот спорт.

„Тоа е неверојатна приказна за нашиот спорт. Нашите резултати говорат дека овој спорт е многу повисоко од претходно. Горд сум и среќен што можев да допринесам за тоа. На личен план е неверојатно што теренот го делев со такви шампиони“, изјави Надал. 

Се вчитува...