Надежите на крајот трети во Анталија, „петардата“ против Бугарија прославена со „Бисер балкански“ (ВИДЕО)

Македонските надежи со освоени четири бода на крајот завршија на третата позиција на силниот меѓународен турнир „Анталија куп 2021“ во Турција, оставајќи ги зад себе селекциите на Украина, Казахстан и Узбекистан.

Марио Младеновски, пак, беше прогласен за најдобар дефанзивец на турнирот.

Денешната убедлива победа од 5-1 против Бугарија избраниците на Благоја Милевски ја прославија и со песна во соблекувалната. Натпревар кој потврди дека има потенцијал и во новата генерација репрезентативци пред кои оваа година престојат квалификациите за пласман на ЕП 2022.

Се вчитува...