Надежите против Франција на гостински терен ги стартуваат квалификациите за ЕП

Младата македонска репрезентација новите квалификации за пласман на ЕП ќе ги стартува со натпреварот против Франција на 2. септември.

Според распоредот на квалификациските дуели, кој беше одлучен во УЕФА, првиот домашен натпревар го играме против Србија на 7. септември.

Победниците од сите групи и една најдобровторопласирана репрезентација низ квалификациите, обезбедуваат место на ЕП каде што ќе учествуваат 16 селекции. Останатите осум репрезентации кои ќе бидат второпласирани ќе играат бараж (септември 2022 година) за последните четири места.

У21 – РАСПОРЕДОТ НА КВАЛИФИКАЦИСКИТЕ НАТПРЕВАРИ 

02.09.2021 Франција – Македонија

07.09.2021 Македонија – Србија

07.10.2021 Фарски острови – Македонија

12.10.2021 Еремнија – Македонија

11.11.2021 Македонија – Украина

16.11.2021 Македонија – Франција

24.03.2021 Србија – Македонија

29.03.2022 Македонија – Фарски острови

01.06.2022 Македонија – Ерменија

07.06.2022 Украина – Македонија

Се вчитува...