Надежите во групата на смртта во квалификациите за ЕВРО 2023

Репрезентацијата на Македонија до 21 година ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2023 година кое ќе се одржува во Романија и Грузија. Ждрепката воопшто не беше наклонета кон нашите надежи кои се најдоа во групата на смртта. Во Х сегментот тие ќе се сретнат со репрезентациите на Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија. Дополнително ќе биде одлучено кога ќе почнат квалификациите, поради целата ситуација предизвикана од пандемијата од коронавирусот.

Се вчитува...