Наџи Шенсои ќе биде нов тренер на Македонија ЃП

Наџи Шенсои треба да го наследи Александар Таневски на кормилото на македонскиот фудбалски прволигаш Македонија Ѓорче Петров. Раководството на „лавовите“ веќе го контактирало Шенсои и тој треба во наредните два дена да биде промовиран во нов стратег на Македонија ЃП. Со тоа повторно ќе се спои тандемот со Благоја Кочевски, кој сега е технички директор на Македонија ЃП, а во сезоната 2016/17 двајцата беа дел од Пелистер, кога битолскиот тим го освои Купот на Македонија.

Во богатата тренерска кариера Наџи Шенсои беше тренер и на бугарските тимови Вихрен, Пирин, Локомотив Пловдив, Славија Софија, како и на албанските клубови Билиш Балш и Кукс.

По ремито со Борец во Велес, а по серија од седум натпревари без победа, досегашниот тренер на Македонија ЃП, Александар Таневски, поднесе оставка.

Се вчитува...