Наџи Шенсои промовиран во нов тренер на Македонија ЃП

Македонскиот фудбалски прволигаш Македонија ЃП го промовираше Наџи Шенсои во нов шеф на стручниот штаб, пред утрешниот натпревар од 15. коло во ПМФЛ против последно пласираниот Работнички. Со доаѓањето на Шенсои во Ѓорче Петров,  повторно  се спои тандемот со Благоја Кочевски, кој сега е технички директор на Македонија ЃП, а во сезоната 2016/17 двајцата беа дел од Пелистер, кога битолскиот тим го освои Купот на Македонија.

Во богатата тренерска кариера Наџи Шенсои беше тренер и на бугарските тимови Вихрен, Пирин, Локомотив Пловдив, Славија Софија, како и на албанските клубови Билиш Балш и Кукс.

 

Се вчитува...