Нагелсман е замената за Конте во Тотенхем

Италијанскиот стратег Антонио Конте и официјално доби отказ од местото тренер на англискиот премиерлигаш Тотенхем.

Неговиот досегашен помошник Кристијан Стелини ќе биде главен тренер до крајот на сезоната, а англиските медиуми почнаа да бараат нов тренер на Спурс, а тоа би можело да биде Јулијан Нагелсман.

„Скај спортс“ објави дека претседателот на Тотенхем сакал да го доведе до неодамна тренерот на Баерн Минхен во 2019 година, кога Маурисио Покетино беше отпуштен, а потоа повторно во 2021 година по заминувањето на Жозе Мурињо.

Како можен наследник се споменува и тренерот на водечкиот англиски второлигаш Барнли, Винсент Компани.

Се вчитува...