Александар Џикиќ приреди огромно изненадување откако во својата прва сезона како тренер на Будуќност ја освои АБА-лигата, во финалето совладувајќи ја Црвена звезда. По тој успех, логично е што управата на црногорскиот гигант го награди поранешниот македонски селектор со нов двогодишен договор, со кој Џикиќ ќе остане да го води Будуќност и во рамките од Евролигата.
Договорот е потпишан на две години и е официјализиран денеска, иако деталите беа договорени уште пред извессно време.
Будуќност летово уште повеќе го засили и играчкиот кадар, купувајќи четири американски кошаркари, Ерл Кларк, Коти Кларк, Арон Крафт и Едвин Џексон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА