Наинголан: Еве зошто го мразам Јувентус…

Рома отсекогаш за свој најомразен ривал го имала градскиот конкурент Лацио, но тоа не е случај и со Раџа Наинголан. Белгиецот, кој и сезонава е еден од најдобрите фудбалери на „волчицата“, не крие дека најголема омраза чувствува кон шампионот Јувентус, откривајќи ги и причините за тоа.

Никогаш не сум криел дека го мразам Јувентус, еве и зошто… бидејќи тие секогаш победуваат или со пенал или со гол од слободен удар. Додека играв за Калјари секогаш бев максимално мотивиран да го победам овој ривал, но најмногу што стигнував е до реми. Тие го освоија скудетото против нас на натпревар во Трст, навистина ги мразам бидејќи секогаш имаат помош. Дојдов во Рома за да освојам нешто против Јуве, но тоа е тешко поради другите фактори. Оптимист сум, дури и доколку не стигнеме до скудетото сигурно ќе го освоиме Купот на Италија. Пред нас е полуфиналето со Лацио, но ќе славиме и на двете средби“ – изјави Наинголан.

Белгиецот минатото лето беше поврзуван со преселба во редовите на Јувентус, но сега е јасно дека овој трансфер никогаш нема да се реализира.

Се вчитува...