Наинголан ја воодушеви Италија: Се приклучи на волонтерите и дели храна по домовите на Сардинија

Белгиецот Раџа Наинголан одлучи да се вклучи на помош на загрозените жители на Сардинија. Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди Италија каде се уште на сила се вонредните мерки, па волонтерските организации низ Италија и тоа како се од помош на најзагрозените.

Токму во таа насока е ангажманот и на фудбалерот на Каљари кој, како што вели, не може само безгрижно да седи во домашна изолација, па одлучил да помогне.

На социјалните мрежи се појави и фотографија на Наинголан иако не сакал неговата активност да биде јавно објавена. Меѓу другото, тој издвои и финансиски средства за храна за семејства на кои им е најпотребна, а на волентерите и самиот им помага за доставување на храната.

Овој потег на Наинголан ја воодушеви Италија, па многумина порачаа дека ова е одличен пример за тоа како треба да се однесува секој поединец во тешките моменти за земјата.

Се вчитува...