Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Шпанија не знае за пораз на последнит 32 средби во сите натпреварувања (23 победи и девет реми). „Црвената фурија“ е на само три меча од израмнување на сопствената најдолга серија на непобедливост во историјата (35 меча, од февруари 2007 до јуни 2009).
Јамал даде гол на возраст од 18 години и 343 дена, со што стана трет најмлад стрелец на стартер на едно СП. Рекордер е Шпанецот Гави, кој на СП 2022 беше стрелец на возраст од 18 години и 110 дена, а втор е Романецот Николае Ковач, кој на првиот мундијал на СП 1930 стрелаше прецизно на возраст од 18 години и 197 дена.
Со просечна возраст од 32 години и 181 ден, Иран ја имаше најстарата стартна постава во историјата на светските шампионати.
Иран имаше само 50 комплетирани додавања во првото полувреме против Белгија. Интересно, најслабите четири рекорди во оваа категорија се сопственост токму на Иран (44 додавања против Аргентина на СП 2014, 46 против Англија на СП 2022, 50 синоќа со Белгија и 52 успешни додавања за полувреме против Шпанија на СП 2018).
Зеленортските острови се првиот дебитант што не загубил на своите први два меча на СП (две реми) откако тоа му успеа на Сенегал на СП 2002 (Сенегалците тогаш имаа една победа и едно реми).
Зеленортските острови направија вкупно пет фаули на овој мундијал (еден со Шпанија, четири со Урувај), апсолутен рекорд на мундијалите.
Фернандо Муслера (40 години и пет дена) и Возиња (40 години и 18 дена) станаа првиот пар на 40-годишници што бранеле еден против друг на мундијалски натпревар.
Египет стигна до првиот триумф на светските шампионати, во деветтиот мундијалски меч на „фараоните“.
Ова беше прв пораз на Нов Зеланд на светските првенства откако селекцијата од Океанија го постигнала првиот гол (сите претходни вакви мечеви завршија нерешено).
Египет само по вторпат во историјата постигна повеќе од еден гол на натпревар од СП, и тоа речиси сто години по првиот ваков случај (на СП 1934 против Унгарија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
