Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Арда Ѓулер стана најмлад стрелец за Турција на светските првенства (21 година, 120 дена).
Турција даде два гола од првите два шута кон голот на САД. Турците претходно не постигнаа ниту еден гол со 62 шутеви упатени кон головите на Австралија и на Парагвај.
Австралија не даде гол на два мундијалски меча во низа за првпат по СП 1974.
Јапонија со ремито со Шведска врза дури 11 меча без пораз од европски селекции (осум победи, три реми).
Јути Нагатомо стана првиот фудбалер од Азија што настапил на пет светски првенства.
Холандија имаше посед од 71,7% на дуелот со Тунис, нов рекорд на „лалињата“ на светските шампионати. Претходно, рекорд во оваа категорија беше мечот со Саудиска АРабија на СП 1994 на кој Холандија имаше 70,8% посед на топката.
Автоголот на Скири од Тунис е втор најбрз автогол во мундијалската историја. Рекордот се уште е сопственост на Сеад Колашинац од БиХ, кој на СП 2014 против Аргентина даде автогол по 2 минути и 11 секунди игра.
„Лалињата“ поведоа со 2-0 по само 6 минути и 24 секунди игра. Побрзо до 2-0 на еден мундијалски меч стигнала само Полска, на мечот со САД на СП 2002 (4 минути и 21 секунда).
Германците сега примија најмалку по еден гол на девет мундијалски средби во низа. Ваква серија им се има случајно само во периодот од 1934 до 1954 година, кога исто така без девет меча во серија со затресена мрежа.
Германија последен пат не прими гол на еден натпревар од СП во финалето со Аргентина во 2014 година.
Еквадор славеше над ривал од Европа за првпат по 13 години пауза, откако во 2013 триумфираше над Португалија со 3–2.
Брегот на Слоновата коска во четвртиот обид за првпат се пласираше во нокаут фазата од овој светски шампионат.
Јан Диоманде комплетираше десет дриблинзи и креираше 10 шанси за соиграчите… тоа му нема успеано никому уште од СП 1990 кога таков подвиг имаа Драган Стојковиќ – Пикси и Роберто Донадони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
