Нај, нај на СП 2026: Гол-машината Мбапе, историја и за Дијаз

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…

Мароко е првата африканска репрезентација што стигнала до две четвртфиналиња на светските првенства.

Брахим Дијаз сега иа четири асистенции на СП (две на мечот со Канада), најмногу за еден африкански фудбалер во историјата на мундијалите.

Канада ја продолжи црната серија да биде елиминирана на натпреварите на кои прва прима гол. Канаѓаните досега на СП први примиле гол на девет меча, бележејќи осум порази и едно реми (во првото коло во СП 2026 против БиХ).

Парагвај не доби ниту еден картон, прв ваков случај за Парагвајците на СП уште од дуелот во 1998 против Нигерија.

Килијан Мбапе стигна до 11. гол во нокаут фазата од светските првенства, убедлив  рекорд на мундијалите.

Парагвајците комплетираа само 54% од додавањата (99-183), најнизок просек на еден натпревар од нокаут фазата на светските првенства откако оваа статистика се евидентира од 1966 година.

Се вчитува...