Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Мохамед Хани од Египет е само втор фудбалер во историјата што има два автогола на еден фудбалски мундијал. Покрај него, тоа му успеало само уште на Тодор Вуцов во 1966 година.
Емам Ашур стана само трет египетски фудбалер што постигнал повеќе од еден гол на еден мундијал (по Фазви во 1934 и Салах во 2018 година).
Ова беше 12. меч на светските првенства на Аргентина што не беше решен по 90 минути игра. Од овие 12 ситуации, Аргентинците дури десет пати се радувале на победата (четири по продолженија, 6 на пенали).
Аргентина постигна најмалку два гола на последните десет мундијалски средби, серија што почна од СП 2022. Аргентинците се израмнија со Германија (1938-1958), а веќе на следниот меч можат да го стигнат рекордерот Уругвај кој имаше 11 вакви натпревари од 1930 до 1954 година.
Лео Меси стана прв фудбалер со 20 постигнати гола на мундијалите.
Лео Меси е директно вклучен во 12 погодоци во нокаут фазите од светските првенства (шест гола, шест асистенции), најмногу откако асистенциите почнаа д а се евидентираат во 1966 година.
Четири различни фудбалери ги постигнаа погодоците за Зеленортските острови на овој мундијал (Варела, Пиња, Дуарте и Кабрал). Двете асистенции беа дело на двајца различни фудбалери, Рајан Мендеш и Јаник Семедо, уште една потврда на силата на колективот на оваа африканска селекција.
Возиња имаше осум успешни интервенции против Аргентина, завршувајќи го шампионатот со 18 одбранети удари на противниците.
Колумбија ја забележа петтата победа во низа над ривал од Африка на светските првенства.
Колумбија за првпат во историјата не прими гол на три меча во низа на мундијалите. Голманот Варгас на овие три меча имаше вкупно три интервенции, ниту една од нив против Гана.
Само Ирак (два) имаше помалку удари во рамките на противничкиот гол од селекцијата на Гана (четири) на овој мундијал.
Колумбија – Гана беше прв меч во историјата на светските првенства на кој двајцата селектори веќе во 15. минута имаа направено по една замена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
