Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Ерлинг Халанд е само втор европски фудбалер во историјата кој постигнал погодоци на првите четири мундијалски меча на кои настапил. Првиот е Кристијан Виери на СП 1998.
За првпат во историјата на СП, тројца различни фудбалери постигнале по седум гола на еден мундијал. Халанд, Мбапе и Меси се израмнети со по седум, а уште сме во осминафиналната фаза на СП 2026.
Нејмар постигна гол на секој од четирите мундијали на кој настапи бразилскиот генијалец (2014, 2018, 2022, 2026). Тоа претходно му има успеано само на еден Бразилец – на легендарниот Пеле.
Триото во средниот ред на Норвешка, Сандер Берге (58/59), Мартин Едегард (52/53) Патрик Берг (12/13) имаше само три непрецизни додавања во првото полувреме против Бразил.
Бразил претрпе порази на последните шест мечеви во нокаут фазите од светските првенства кога „кариоките“ за ривали имаа селекции од Европа. Серија што трае уште од 2006 година.
Бразил имаше само 34% посед на топката, убедливо најнизок просек на „кариоките“ на еден мундијалски натпревар.
Aнглија се пласираше во своето 11. мундијалско четвртфинале. Повеќе пласмани во оваа фаза од светските првенства од Англичаните имаат само Бразил (15) и Германија (14), двете селекции кои веќе испаднаа од СП 2026.
Мексико прими три гола на меч на „Азтека“ за првпат по август 1999, кога Мексиканците го совладаа Бразил со 4-3.
Англија имаше само 33,2% посед на топката, убедкиво најниска на мундијалските натпревари на „гордиот албион“.
Џордан Пикфорд се израмни со легендарниот Питер Шилтон како голман со најмногу настапи на СП за Англија (по 17).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
