Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Флоарин Балогун е четвртиот играч кој постигна гол и доби црвен картон во нокаут фаза на СП. Претходно тоа биле Зидан (2006 финале), Роналдињо (2002 1/4 финале) и Гаринча (1962 полуфинале).
Екипата на Арсенал има најмногу асистенти на овој Мундијал. Леандро Тросар е шестиот играч на „топчиите“ кој асистира на ова СП после Одегард, Ѓокереш, Сака, Габриел и Рајс.
Јури Тилеманс на вчерашниот меч со Сенегал постигна повеќе голови на еден меч, отколку на претходните 17 заедно.
Тилеманс е стрелец на најдоцниот гол на Мундијалите до сега (124:44).
Един Џеко со 40 години, 106 дена во моментов е најстариот играч кој играл на нокаут меч на СП.
На овој Мундијал се одиграа натпревари со најмногу пресврти во регуларен дел. Мечот помеѓу Англија и Конго беше 11-тиот таков. Досега рекордот на Мундијалите во пресврти беше 10 меча.
Хари Кејн заедно со Кристијано Роналдо се единствените играчи кои постигнале повеќе од 20 гола на Светски или Европски првенства.
Кејн со двата гола стигна до бројката 84 постигнати погодоци за Англија. Сега го брка и рекордот по број на настапи. Во моментов голгетерот има 118 настапи, или два помалку од Вејн Руни кој е втор на вечната листа, и седум помалку од првиот на оваа листа Питер Шилтон кој има 125 натпревари.
Англија го доби само вториот натпревар во нокаут фазата на Светските првенства откако имаше негатива. Тоа му успеало само во финалето во 1966 година против Германија (4-2).
Англија имаше 35 центаршутеви во мечот со Конго, најмногу после 1966 година и мечот со Мексико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
