Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Лео Меси се искаи на врвот на листата на стрелци на сите времиња на светските првенства, минувајќи го рекордот на Мирослав Клосе од кого имаше три гола помалку пред почетокот на овој мундијал. Меси сега има 18, а Клосе 16 мундијалски погодоци во кариерата.
Аргентина славеше на првите два меча на еден мундијалл за првпат по 2014. Двете победи без примен гол се нешто што на Аргентинците последен пат им успеало на СП 1998.
Меси е играчот што извел (седум) и што промашил (три) најмногу пенали во историјата на светските првенства. Тој има шест нереализирани обиди од белата точка од 31 вакви ситуации во дресот на аргентинската репрезентација.
Килијан Мбапе се израмни со Мирослав Клосе со 16 гола на светските првенства, заостанувајќи два погодоци зад Лео Меси,
Килијан Мбапе постигна најмалку два погодоци на три мундијалски средби во серија, нешто што им има успеано на Шандор Кочиш од Унгарија (четири во серија) на СП 1954, Гилјермо Стабиле во 1930 и Лео Меси на СП 2026.
Ирак стана прва азиска селекција во историјата шшто ги загубила првите пет меча што ги играла на мундијалите.
Ерлинг Халанд е редовден стрелец на последните 12 официјални средби за Норвешка, вклучувајќи најмалку по два гола на секој од последните шест меча.
Сенегал врза три победи во низа на светските шампионати.
Јордан е втора селекција во историјата што постигнала прва гол на првите два мундијалски натпревари на дебито (прва е Брегот на Слоновата коска на СП 2004, и тоа три меча со прв постигнат гол).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
