Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Килијан Мбапе има 18 гола на 18 натпревари на светските првенства, еден помалку од Лионел Меси.
Мбапе досега има десет погодоци на натпреварите од нокаут фазите, што е апсолутен мундијалски рекорд.
Усман Дембеле и Килијан Мбапе се првиот напаѓачки тандем што меѓу себе си поделил шест асистенции на еден мундијал (четири од Дембеле за Мбапе, две од Мбапе за Дембеле).
Франција постигна најмалку три погодоци на последните пет мундијалски средби, најдолга ваква серија во историјата на светските првенства.
Дидие Дешамп ја забележа деветтата победа во нокаут фазите од светските првенства, најмногу од било кој тренер во историјата на натпреварувањето.
Новата африканска „ѕвезда“ Јан Диоманде стана само втор играч од овој континент во историјата што како тинејџер веќе има одиграно четири средби на светските првенства, по Сандеј Олисех од Нигерија на СП 1994.
Мартин Едегард стана трет фудбалер во историјата што имал асистенции на своите први три средби на свестките првенства, по Беланов од СССР во 1986 и Михаел Балак од Германија во 2002.
Мексико конечно славеше на дуел од нокаут фазата од едно СП, за првпат по триумфот над Бугарија во 1986 година. Мексиканците оттогаш имаа осум елиминации во првата нокаут рунда од мундијалите, црна серија што ја прекинаа со победата над Еквадор.
Мексико стана само втора селекција во историјата што нема примено ниту еден гол на првите четири средби од еден мундијал, по Швајцарија во 2006.
На возраст од 17 години и 259 дена, Жилберто Мора стана втор најмлад фудбалер во историјата на мундијалите со настап на меч од нокаут фаата. Првиот е Пеле, кој на СП 1958 настапи на ваков меч со 17 години и 239 дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
