Нај, нај на СП 2026: Роналдо е вечен, Швајцарија чекаше 88 години и дочека…

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…

Шпанија даде повеќе од еден гол на меч од нокаут фазата на мундијалите за првпат по СП 1994 кога во осминафиналето ја совлада Швајцарија со 3-0.

Ова беше прва нокаут победа на Шпанците уште од финалето на СП 2010 против Холандија.

Шпанија се уште е без пораз под водство на Луис де ла Фуенте на големите натпреварувања (светски и европски првенства). Шпанците имаат десет победи и едно реми, Де ла Фуенте е на само еден меч од апсолутниот рекорд во оваа категорија што го држат Луј ван Гал и Еме Жаке.

Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер во историјата што со наполнета 41 година настапил на меч од нокаут фазата од светските шампионати.

Гонсало Рамос веќе има четири погодоци на мундијалите зад своето име, и тоа само за 187 минути минати на терен. Единствен играч со четири гола под 200 минути во мундијалскат аисторија и Ернст Вилимовски од Полска.

Кристијано Роналдо за првпат постигна гол во нокаут фазата од светските шампионати. Тоа му успеа од вкупно 31. удар кон противничкиот гол на овие натпревари.

Иван Перишиќ го урна рекордот на Давор Шукер (шест) и со седум гола е најефикасен хрватски фудбалер во историјата на светските шампионати.

Швајцарија има три победи на три натпревари против африкански селекции на СП, и тоа без примен гол (Того со 2-0 во 2006 гоина, Камерун со 1-0 во 2022 и сега над Алжир со 2-0 на СП 2026).

Швајцарците славеа на еден нокаут натпревар од светските првенства по пауза од 88 години. По претходните седум меча на кои имаат едно реми и шест порази, нивна последна победа беше над Германија на СП 1938.

Се вчитува...