Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер во историјата што постигнал голови на шест различни мундијали, на секое светско првенство почнувајќи од 2006 па се до ова во 2026.
Ова е трета победа на Португалија на СП со пе или повеќе голови разлика, по онаа над Кореја со 7-0 во 2010 и над Швајцарија со 6-1 на СП 2022.
Узбекистан е пееттиот дебитант од Азија во низа што ги загубил своите први две мундијалски средби, по Јапонија во 1998, Кина во 2002, Катар во 2022 и Јордан в0 2026.
Англија има одиграно 13 натпревари 0-0 на светските првенства, апсолутен рекорд на мундјалите.
Англија имаше посед од 78,8% против Гана, мундијалски рекорд на „гордиот албион“, исто така рекорд за една репрезентација што не успеала да постигне гол на тој натпревар.
Лука Модриќ го одигра својот 21. натпревар на мундијалите. по неговото деби на СП 2006, повеќе средби од Модриќ на СП имаат одиграно само Меси (28) и Роналдо (24).
Модриќ имаше 88% успешност во додавањата, големиот ас има над 80% прецизност во додавањата на сите 19 мундијалски средби на кои бил стартер.
Колумбија има четири победи над африкански селекции на СП, единствениот пораз е од Камерун на СП 1990.
Хамес Родригез го одигра својот десетти мундијалски меч за Колумбија, израмнувајќи се со Карлос Валдерама и со Фреди Ринкон како играчи со најмногу настапи за својата земја на светските шампионати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
