Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Сенегал со „петардата“ против Ирак стана прва африканска селекција што постигнала пет гола на меч од СП.
Сенегал не прими гол за првпат по 13 натпревари во низа на кои мрежата на оваа африканска селекција редовно беше тресена од противниците. Единствен меч на кој Сенегал немаше примено гол на СП беше оној првиот, писториската победа над Франција од 1-0 на СП 2002.
Папе Геје стана само втор африкански фудбалер што дал два гола на меч од СП откако влегол како резерва (првиот е Роже Мила, кој даде по два гола за Камерун против Романија и против Колумбија на СП 1990.
Франција постигна три или повеќе голови на четири мундијалски средби во низа, рекорд на „триколорите“ на големите натпреварувања. Последен пат вакво нешто успеало на селекцијата на Шпанија меѓу СП 1998 и СП 2002.
Усман Дембеле сана прв француски фудбалер што дал два гола во првите 20 минути од мундијалски натпревар за „триколорите“.
Шпанија стана втора селекција што се пласираше за нокаут фазата без примен гол, по ко-домаќинот Мексико. Во ова друштво вечерва би можеле да се приклучат Аргентина и Гана.
Марсело Биелса не успеа да се пласира од групната во нокаут фазата на две светски првенства, со Аргентина во 2002 и ова со Уругвај на СП 2026. Единствен пат кога Биелса успеал да се најде во нокаут рундите е на СП 2010 како селектор на Чиле.
Зеленортските острови се првиот дебитант што се пласирал во нокаут фазата од СП откако тоа им успеа на фудбалерите на Словачка во 20110 година.
Саудиска Арабија по цели 18 натпревари конечно ја сочува мрежата незатресена на еден мундијалски меч, последен пат тоа во тоа успеа во победата од 1-0 над Белгија на СП 1994.
Возиња стана само трет голман во историјата со повеќе од еден меч без примен гол на СП по наполнети 40 години, по Питер Шилтон (3) и Дино Ѕоф (2).
Нов Зеланд постигна најмалку по еден гол на трите средби на овој мундијал, рекорд на оваа селекција од Океанија.
Ромелу Лукаку го постигна шестиот мундијалски погодок со што стана најдобар стрњлец на Белгија на СП на сите времиња, минувајќи го екс-селекторот Марк Вилмотс со пет погодоци.
Лукаку и Де Бруине се единствени двајца белгиски фудбалери кои биле стрелци на три различни мундијали (2014, 2018, 2026).
Иран е трета азиска селекција што ја завршила групната фаза од еден мундијал без пораз (Јапонија во 2002 и 2026 и Кореја во 2002).
Египет и Иран добија по два жолти картони уште во првото полувреме, што е прва ваква случка на овој светски шшампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
